Евертон доживеа нов пораз во Премиер лигата. „Карамелите“ потклекнаа пред Кристал Палас (3:1). За серијата лоши резултати, навивачите го обвинуваат менаџерот Рафа Бенитез.
Групта од 1.000 навивачи кои беа на гостувањето во Лонон, на „Селхрст парк“, го искажаа незадоволството од начинот на кои го води тимот шпанскиот менаџер.
„Ти си само еден дебел шпански келнер“.
Евертон има само една победа на последните десет натпревари во лигата. Со 18 поени, „карамелите“ се наоѓаат на 14.место на табелата.
Изминатите две недели менаџерот Бенитез се наоѓа под голем притисок и нема да биде изненадување доколку добие отказ.
A video from the away end today during the game pic.twitter.com/Qj9iacY1Aa
— The Toffee Blues (@EvertonNewsFeed) December 12, 2021