Top Sport

„Тие што ја измислија приказната се плашат од Партизан“

Тренерот на фудбалскиот клуб Партизан Саво Милошевиќ на прес-конференција ги негира пишувањата на медиумите во Србија дека пред еден месец во ресторанот кој се наоѓа на стадионот на клубот добил шамари од навивачи. Дека немало никаков инцидент потврдија и од навивачката група на Партизан.

„Таа приказна трае повеќе од еден месец. Се обидував да не коментирам такви глупости и измислици. Немам време да се занимавам со такви работи. Отапев на разни измислици кои ги читам по медиумите. Сепак сега ме донесоа во ситуација во која морам да реагирам. Тие што ги напишаа лагите изгледа дека инсистираа да реагирам“, рекол Милошевиќ и дополнил.

„Лишно не сум погоден од таа измислица. Секој кој сакаше можеше да провери во каква состојба сум. Приказната е измислена и пласирана неколку дена пред продолжување на сезоната за да ме дестабилизираат мене и играчите. Некои медиуми не можам да вбројам во медиуми. Во животот сум запознал многу новинари, добри и лоши, но за овие не можам да кажам дека се новинари. Тие се луѓе од дното кои се подготвени да газат по други луѓе за да ги остварат своите интереси. Претпоставувам дека имаат и надредени. Им порачувам да се занимаваат со себе, јас не им се плашам. Мислам дека нивните надредени со ова сакаа да ми испратат порака, сакаа да ми ја покажат својата моќ. Јас ја гледам нивната слабост го гледам нивниот страв од Партизан“, заклучил тренерот на Партизан.

Навивачи го шамарале тренерот на Партизан, клубот демантира

Scroll to Top