Дефанзивецот на Челси, Тијаго Силва во својата долга кариера играше против најдобрите фудбалери на светот со Бразил, Милан и Пари Сен-Жермен и негова оценка е дека е потешко да го чуваш Лионел Меси отколку Кристијано Роналдо пред денешниот дуел со Манчестер јунајтед.
„Малата разлика е дека Меси, со топката кај него и во ситуација еден-на-еден е многу тежок за сопирање. Со Роналдо, не велам дека е многу лесно, но еден фудбалер може да го чува, а другиот да внимава на неговото движење за да поголема сигурност назад. Меѓутоа, Меси и Роналдо се играчи кои се способни за неверојатни работи, исто како Нејмар. Мислам дека е потешко да се браниш од Меси отколку од Роналдо“, вели Тијаго Силва за „ЕСПН“.