Ветеранот во одбраната на Челси, Тијаго Силва побара од новите американски газди на премиерлигашот да престанат со неодлучноста и да направат стратегија за трансфери по вториот пораз од Реал Мадрид во Лигата на шампиони и елиминацијата во четврт-финалето.
Со ова, дефинитивно првата сезона на газдата Тод Бели поминува без трофеј. Тие веќе ги отпуштија тренерите Томас Тухел и Греем Потер оваа сезона, и Силва признава дека нестабилноста придонесува за лошите резултати.
„Мислам дека првите чекори кои беа направени, беа неправилни чекори. Не можеме да ги обвинуваме менаџерите без да преземеме одговорност. Ова е тежок период за клубот со многу неодлучност. Промена на сопствениците, многу нови играчи – моравме да ја зголемиме соблекувалната бидејќи не не собираше. Позитивно е што има многу фантастични фудбалери во тимот, но од друга страна, секогаш има некој кој е несреќен. Некои не можат да влезат во тимот. Потпишавме со осум фудбалери во јануари, мораме да сопреме и да поставиме стратегија, бидејќи во спротивност и следната година ќе ги нпрвиме истите грешки“, вели Силва.