Top Sport

Тиквеш го освои турнирот „Вуко Каров“

Тиквеш е победник на традиционалниот турнир „Вуко Каров“ кој секоја година се одржува во Кавадарци.

На турнирот покрај домаќинот учествуваа уште и екипите на Кожуф и Гостивар.

Тиквеш славеше со 2:1 против Гостивар, а ремизираше без голови со Кожуф. Во третиот меч, Гостивар го победи Кожуф со 2:1. Сите натпревари се играа по „италијански систем“, по 45 минути.

За најдобар играч на турнирот е избран крилниот напаѓач на Тиквеш Иван Ивановски, додека за најдобар голман, чуварот на мрежата на Гостивар, Амир Јашар.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');