Top Sport

Тиквеш – Воска и Скопје – Беласица, баражи за пополнување на Првата лига

Стадионите во Струмица и во Штип се денеска во фокусот на македонската фудбалска јавност која очекува да види кои тимови ќе ја пополнат Првата лига. Денеска во Струмица ќе играат Тиквеш – Воска, а во Штип се среќаваат Скопје – Беласица. Победниците следната сезона ќе бидат прволигаши, а поразените се селат во второлигашки ранг.

„За нас единствена опција е победата. Не размислуваме на ништо друго освен на останување во Првата лига. Верувам дека ќе ја исполниме целта“, изјави тренерот на Тиквеш, Влатко Костов.

Воска се надева дека ќе направи историски подвиг и за две сезони од Третата лига ќе се пресели во елитниот ранг.

Скопје и Беласица ќе играат на Градскиот стадион во Штип.

„Скопје посакува прволигашки опстанок и ќе сториме се за да го оствариме планот“, порачува тренерот Љупчо Марковски.

Беласица посакува преку баражот експресно да се врати во Првата лига, по само една сезона во второлигашка конкуренција.

Бараж натпреварите за пополнување на Првата лига се закажани за 17 часот.

Scroll to Top