Top Sport

Тилеманс е првото засилување за Астон Вила

Астон Вила официјално го објави потписот на Јури Тилеманс. Уште на 10 јуни беше објавено дека белгискиот играч за врска се согласил да се пресели на „Вила Парк“, но досега немаше официјална потврда за зделката.

Играчот од средниот ред пристигнува во Бирмингем на слободен трансфер откако вчера му истече актуелниот договор со Лестер. Тој помина четири сезони како играч на „лисиците“.

Тилеманс е првото засилување на Унаи Емери за следната сезона, но наскоро се очекува да биде комплетиран и договорот со Пау Торес од Вилјареал.

 

Scroll to Top