Велика Британија е една од најпогодените европски држави со пандемијата на коронавирусот. Досега во Британија се заразени 160.000 луѓе, а од последиците на вирусот починале 21.000.
Поради пандемијата во Велика Британија владеат строги мерки на изолација.Поради тоа јавноста жестокот ги осудува фудбалските ѕвезди кои не ги почитуваат мерките.
„Арогантни, без чувство и неверојатно богати. Поради тоа мислат дека за нив не важат правилата на кои се придржуваат останатите жители“, пишува „Дејли мејл“.
Поради неодговорното однесување на некои играчи „Дејли Мејл“ состави тим од фудбалери што ги прекршиле мерките. Тимот е наречен „Тим на ковид идиоти“. Овој тим нема голман, а тренер е Жозе Мурињо.
Во одбраната се Давид Луиз, Кајл Вокер, Рајан Сесињон и Серж Орие, во редот за врска Мохамед Сисоко, Гранит Џака и Џек Грилиш, а тројката во нападот е Мојсе Кен, Николас Пепе и Александар Лаказет.