Top Sport

Хари Кејн подготвен за финалето со Ливерпул во Мадрид

Лондонски Тотенхем доби големо засилување за најбитниот натпревар во клупската историја.

Капитенот на тимот, англискиот репрезентативец Хари Кејн е подготвен за настап на финалето во Лигата на шампиони против Ливерпул, пренесуваат медиумите на Островот.

Информациите се дека Кејн до 1 јуни потполно ќе ја санира повредата на зглобот здобиена во април, на првиот меч од четвртфиналето против Манчестер Сити. Од таборот на Тотенхем стравуваа дека до крајот на сезоната останаа без најдобриот фудбалер, но рехабилитацијата на капитенот оди побрзо од очекуваното.

Кејн веќе почна со лесни тренинзи, па доколку до крајот на неделата нема никакви проблеми, тој со екипата ќе патува во Мадрид.
Проблем за него може да биде недостатокот на натпревари во последниот период, па затоа би можело на почетокот на финалето да биде на клупата за резерви, а предност да добијат јунаците кои ги елиминираа Сити и Ајакс, Хјон-Мин Сон и Лукас Моура.

Кејн сезонава постигна 24 гола. Финалето на ЛШ се игра на 1 јуни на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Scroll to Top