Тимо Вернер би преферирал да се врати во РБ Лајпцинг наместо да оди во Реал Мадрид, тврди „Дејли телеграф“, откако Челси се подготвени да се откажат од засилувањето кое пред две години го платија високи 47.5 милиони фунти.
26-годишниот германски репрезентативец не успеа да се наметне на „Стемфорд Бриџ“, каде што стана предмет на потсмев по бројните промашувања, и минатиот месец јавно во интервју призна дека можеби би бил „посреќен“ на друго место.
Шпекулациите велеа дека „сините“ веќе го понудиле Германецот на Реал Мадрид, но тој е подготвен да го избере својот стар клуб, каде што имаше 90 гола и 40 асистенции во 156 настапи, дури и со намалена плата.