Норвешката напаѓачка сензација, Ерлинг Браут Халанд едноставно не може да сопре со головите. 19-годишниот Халанд постигна два гола при 2:3 поразот од Наполи, за да стигне до неверојатни 20 гола оваа сезона во само 13 натпревари, а уште е октомври!
Халанд постигна гол од пенал во првото полувреме, откако прво му беше поништен еден гол поради офсајд, пред во второто полувреме да уфрли уште еден гол со убав удар со глава.
Халанд има постигнато голови во 11 меча на Салцбург, шест гола во Лигата на шампионите против тимови како Ливерпул, Наполи и Генк, со што е првиот фудбалер во историјата кој во своите први три меча од ЛШ има шест погодоци.
Erling Haaland now has SIX goals in his first three Champions League games.
No other player has ever done that.
LIVE ? https://t.co/AhwZN60R7M #bbcfootball #UCL pic.twitter.com/36f3JZjtyG
— BBC Sport (@BBCSport) October 23, 2019
Синот на поранешниот дефанзивец на Лидс и Манчестер сити, Алф-Инге Халанд, дојде во Салцбург за само 4.5 милиони фунти во 2018 година, а сега е меѓу 20-те номинирани за наградата „Златно момче“, а за него се заинтересирани повеќе англиски премиерлигаши.
Дали Ерлинг Халанд е најдобриот млад напаѓач во Европа? (видео)