Top Sport

Тирам ќе отсуствува најмалку три недели

Маркус Тирам одигра само едно полувреме, во вториникот, во победата на Интер над Атлетико Мадрид, во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.

Тирам се повреди во финишот на првото полувреме, подоцна неговата замена Марко Арнаутовиќ го постигна единствениот гол на натпреварот.

Медицинските прегледи покажале дека Тирам ќе паузира најмалку 20 дена. Нема да игра против Лече и Аталанта во Серија А, додека под знак прашалник е и неговиот настап на 13 март за кога е закажан реваншот со Атлетико во Мадрид.

Тирам игра одлична сезона, на 34 натпревари во сите натпреварувања постигна 12 гола и забележа 11 асистенции.

Scroll to Top