Top Sport

Дани Алвеш осуден на четири ипол години затвор

Судот во Барселона му изрече затворска казна од четири години и шест месеци на бразилскиот фудбалер Дани Алвеш (40), поради сексуален напад.

По три долги рочишта, судењето заврши на 7 февруари, а 15 дена подоцна стигна и пресудата на Dванаесеттиот суд во Барселона. Познатиот бразилски фудбалер лично ja дозна одлуката на судот, а присустни беа неговата адвокатка Инес Гвардиола, обвинителката Елизабез Хименез и оштетената Естер Гарсија.

Алвеш помина 13 месеци во затвор, што беше превентивна мерка што Судот ја определи. Претходните две недели имаше можност да ја изнесе својата одбрана пред Судот.

Да потсетиме, Алвеш е обвинет дека принудил 23-годишна девојка на секс во тоалетот на ноќен клуб во Барселона ноќта на 31 декември 2022 година.

Во текот на судењето беа сослушани триесет лица, меѓу кои и жртвата, која сведочеше зад затворени врати.

Алвеш од почетокот до крајот остана на ставот дека не е насилен човек и дека сексуалниот чин бил консензуален. Жртвата, тврдеше дека Алвеш ја заклучил во тоалетот таа ноќ и таму ја силувал.

Набрзо по апсењето на Алвеш, шпанскиот суд му одреди притвор на фудбалерот без право на кауција поради стравувањата дека може да побегне во Бразил. Шпанија и Бразил немаат потпишано договор за екстрадиција.

Алвеш во кариерата освои 42 трофеи и играше за УНАМ, Барселона, Сао Паоло, Пари Сен Жермен, Јувентус, Севилја и Баија. За бразилската репрезентација одигра 126 натпревари и постигна осум гола.

Scroll to Top