Маркус Тирам (25), како слободен играч, по завршувањето на сезоната ќе ја напушти Борусија Менхенгладбах. Францускиот репрезентативец ги одби сите понуди да го продолжи договорот.
Медиумите тврдат дека пет клуба покажале интерес за неговите услуги, а тој наводно сакал да се пресели во Барселона.
Неговата предност е што може да игра на три позиции во нападот, физички е силен и што е најважно за Барса е слободен.
Сепак, се шпекулира дека Барса не е единствената опција, бидејќи Тирам го бркаат Атлетико Мадрид, ПСЖ, Манчестер јунајтед, Челзи и Интер.
Таткото на Маркус, славниот Лилијан Тирам, го носеше дресот на Барселона од 2006 до 2008 година. И тогаш претседател на Барселона беше Џоан Лапорта.