Top Sport

Репторс со одлична последна четвртина до 2:0 водство против Нетс

НБА шампионите Торонто репторс со пресврт во последната четвртина стигнаа до 104:99 победа над Бруклин нетс за да поведат со 2:0 во првото коло од плејофот во Источната конференција.

По доминацијата на Репторс во првиот меѓусебен меч, Нетси овојпат се покажаа како посериозен противник, водејќи со 26:16 на стартот на мечот, предводени од Џерет Ален, и на полувреме отидоа со три поени предност.

Тие успеаја да ја оддржат вредноста до последната четвртина, во која стартуваа со 6 разлика, но Торонто направи низа од 9:0 и на четири минути пред крајот имаше осум поени предност, пред во драматична завршница да го заддржат водството.

Фред ван Влит имаше 24 поени, 5 скока и 10 асистенции, Норман Пауел додаде 24, а Кајл Лаури 21 поен, додека кај Нетси Темпл имаше 21, Тимоти Луваву 17, а Џерет Ален 14 поени и 15 скока.

Scroll to Top