Top Sport

Тите: Јас сум одговорен за формата на Нејмар

Бразилскиот селектор Тите вели дека тајната на одличната игра на Нејмар е кај него, бидејќи тој ја намалил зависноста на бразилската репрезентација од ѕвездата на ПСЖ.

Бразилските медиуми зборуваа за „Нејмардепенденсиа“ под претходникот на Тите, Дунга, бидејќи сметаа дека тимот премногу се потпира на играта на Нејмар. Ова влијаеше на играта на Нејмар за „Селесао“, и тој доби најмногу картони во репрезентацијата.

„Јас го извлеков максимумот од Нејмар со тоа што не го оставив целосно одговорен за ситуацијата. Зборував со фудбалерите и им кажав да ја преземат својата улога. Кога имате еден од најдобрите три играчи на светот, лесно е да сметате само на него. Затоа мораме да ја вратиме тимската работа“, вели Тите.

Нејмар имаше 11 гола во двете години под Дунга, пред Кутињо со 4. Под Тите, Габриел Жесус е најдобриот бразилски стрелец со 8 гола, Нејмар има 7, Паулињо е на шест, а Кутињо на четири. Тите, кој неодамна застана во емотивна одбрана на Нејмар во текот на интернационалната пауза, вели дека играчот на ПСЖ има „фантастичен карактер“.

„На лично ниво, тој има огромно срце. Тој е добро дете. Има грижлива страна на неговиот карактер за која малкумина знаат“, објаснува Тите.

Бразилскиот селектор го расплака Нејмар (Видео)

Scroll to Top