Мечот од руската втора лига помеѓу Волна и Волга покажа колку сурови се есенските и зимски месеци во Русија, откако снежната бура го покри целиот терен за само 30 минути.
Судиите мораа да ги сменат топките (од бели во црвени), а фудбалерите на двата клуба се мачеа со контролата на играта на лизгавата подлога. Единствениот гол беше постигнат во 79. минута за Волга да стигне до 1:0 победа.
Ова инаку е последен меч од есенскиот дел од сезоната во втората лига, и сега ќе се чека април за да се продолжи шампионатот.