Top Sport

Тодор Тодороски промовиран во Сумгајт

Македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски е нов член на Сумгајт, прволигаш од Азербејџан. Тој денеска и официјално беше промовиран во новиот клуб.

23-годишниот десен бек во наредните две сезони ќе го носи дресот на Сумгајт.

Тодороски се пресели во Азербејџан од словачкиот прволигаш Серед. Претходно настапуваше за Раднички Ниш, а во кариерата беше дел и од Осијек, Шибеник, Вардар, Металург, Кожуф и 11 Октомври.

Scroll to Top