Top Sport

Тојхерт успеа да ги погоди двете стативи со еден удар, но на крајот беше херој на Унион Берлин

Унион Берлин, едно од најпријатните изненадувања оваа сезона во германската Бундеслигата, стигна до доцна 1:0 победа над Баер Леверкузен во првиот меч од 16-тото коло во Германија за да се искачи на четвртото место на табелата, сега со само еден поен заостанување зад Леверкузен.

Човек на одлука за Унион беше 24-годишниот напаѓач Седрик Тојхерт, кој прво во 49. минута имаше нешто што им успеало на малку фудбалери во историјата – совршена шанса во која успеа да ги погоди двете стативи со еден удар. Сепак, во 88. минута тој се „поправи“ и го постигна единствениот гол на мечот.

Откако Баер на стартот на сезоната беа на првото место во Германија со одлична низа на резултати, тимот на холандскиот стратег Петер Бос сега има четири меча без победа – односно три порази и едно реми.

Со поразот, Леверкузен останува на третото место на табелата со 29 поени, четири помалку од лидерот Баерн и два зад второпласираниот РБ Лајпциг, кои викендов ги играат своите мечеви. Унион Берлин, пак, е веднаш на четвртото место со 28 поени, еден повеќе од Борусија Дортмунд.

Scroll to Top