Top Sport

Ракометарот од ДР Конго кој стана атракција на СП

Демократска Република Конго (поранешен Заир), дебитираше на Светските првенства во ракомет во Египет, откако загубија со 28:22 од Аргентина, иако имаа предност од 14:13 по првото полувреме, но најголемо внимание предизвика еден нивни ракометар – пивотот Готие Мвумби Тјери, кој беше посебно импресивен.

Ракометарот на францускиот второлигаш Дреу, Мвумби има 192 сантиметри, и според клубот 110 килограми, иако фотографиите можеби покажуваат нешто повеќе. Мвумби постигна четири гола за ДР Конго.

Scroll to Top