Фудбалерот на Баерн Минхен Корентин Толисо ги започнал преговорите со Манчестер Јунајтед. Двете страни преговараа и во зимскиот преоден рок меѓутоа тогаш Баерн не сакаа да го испратат светскиот првак со Франција на позајмица на „Олд Трафорд“.
Според медиумите Баерн нема да може да го задржи 25 годишниот фудбалер бидејќи Манчестер Јунајтед ќе ја активираат неговата откупна клаузула која изнесува само 35 милиони евра.
Сезонава Толисо има проблем со повредите, настапил на 24 натпревари на кои постигнал три гола и забележал пет асистенции.
Баерн на Лион за Толисо во 2017 година им плати 41,5 милиони евра.