Top Sport

Толисо се врати во Лион

Фудбалскиот клуб Лион потврди дека играчот од средниот ред Корантен Толисо се вратил во клубот по пет години минати во Баерн Минхен.

Толисо се врати во Лион како слободен играч откако му истече договорот со германскиот клуб.

27-годишниот француски фудбалер потпиша петгодишен договор со Лион. Толисо потекнува од младинската школа на Лион. Во клубот беше до 2017 година кога се пресели во Минахен.

Толисо освои пет титули во германската лига и Лигата на шампионите во 2020 година со Баерн. Сепак периодот минат во Минхен наместо со добри игри го обележаа со честите повреди.

Во изминатата сезона одигра 15 натпревари и забележа два гола и асистенции.

Враќањето на Толисо ги истакнува големите амбиции на Лион кој сака да се врати во врвот на францускиот фудбал.

Пред Толисо во клубот се врати и Александер Лаказет.

Лион минатата сезона заврши на осмото место во Лига 1.

Scroll to Top