Top Sport

Гонзало Рамос пристигнува во ПСЖ

Гонзало Рамос, талентираниот напаѓач на Бенфика, ќе биде новата аквизиција на актуелниот француски шампион, ПСЖ.

Младиот Португалец, кој се прослави со трите гола против Швајцарија во осминафиналето на последното Светско првенство во Катар, во Париз пристигнува во трансфер вреден 80.000.000 евра.

Договорот меѓу францускиот гигант и Рамос ќе биде потпишан до 2028 година. Се очекува наскоро да бидат официјализирани сите детали.

Рамос во првиот тим на Бенфика дебитираше во 2020 година и постигна 30 гола на 64 натпревари. Тој имаше огромен придонес во освојувањето на титулата во португалскиот шампионат минатата сезона.

Scroll to Top