Се уште нема крај на сагата околу фудбалерот на Барселона, Усман Дембеле. Нема конкретни информации околу неговата иднина, и покрај тоа што минатата недела спортскиот директор Матеу Алемани, изјави дека доколку не го продолжи договорот, Дембеле ќе биде продаден до крајот на преодниот рок.
Каталонските медиуми, изминатите три дена пласираат контрадикторни информации. Дел од нив тврдат дека менаџерот на Дембеле е во Барселона и можно е фудбалерот да потпише нов договор, додека други извори пишуваат дека повеќе не е дел од тимот и дека клубот работи на неговото заминување.
Наводно, сериозен интерес за Дембеле, покажале од Челси. Томас Тухел добро го познава Дембеле, една година му беше тренер во Борусија Дортмунд.
Германецот сметал дека со Дембеле ќе реши дел од проблемите во офанзивата.
Челси се подготвувале да испратат понуда на „Ноу Камп“. Не е познато колку се подготвени да понудат за фудбалер кој за пет месеци ќе биде слободен игра.
Дембеле се смета за најлошиот трансфер во историјата на Барселона. Во 2017 година, клубот во овој фудбалер вложи 140.000.000 евра.