Top Sport

Томори го натскокал и Роналдо за нов рекорд!

Фикајо Томори, кој дојде во Милан како позајмен фудбалер од Челси, во неделата поставил нов рекорд во Серија А со неговиот трет гол при 0:3 победата над Јувентус, рушејќи го рекордот на Кристијано Роналдо од 2019 со неверојатниот гол против Сампдорија.

Мерењата покажале дека Томори при скокот во кој ги остави Џорџо Кјелини и Матијс де Лихт приземјени отскокнал фантастични 2.63 метри, додека Роналдо успеал да стигне до скок од 2.54 метри.

Томори исто така стана првиот Англичанец кој дал гол за Милан од Дејвид Бекам пред повеќе од една деценија. 23-годишниот Томори има 14 настапи за Милан, кои можат да го откупат за околу 30 милиони евра ова лето.

Scroll to Top