Top Sport

Барса се намачи со Мешков

Барселона, совршената сезона во Лигата на шампионите, ќе се обиде да ја заврши со 10-ти трофеј од најсилното европско натпреварување, откако во првиот меч од четврт-финалето на ЛШ се намачи за 33:29 (17:16) победа над Мешков Брест .

Барселона имаше фантастичен старт, поведувајќи со 5:1 и со 10:5, меѓутоа белорускиот клуб потоа пружи вистински отпор предводени од Микита Ваилупалу и на полувреме, Блауграна имаше само гол предност (17:16). Барса повторно се одвои во второто полувреме, но не успеа да побегне повеќе од три-четири гола, пред во финишот да го „скршат“ отпорот на Мешков.

Дика Мем со 10 гола беше најефикасен за победниците, шест додаде Алекс Гомез, додека за Мешков, Ваилупалу заврши со 11 гола.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top