Top Sport

Тонали и неговите адвокати ќе се сретнат со обвинителите

Фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали и неговите адвокати денеска ќе се сретнат со италијанските обвинители во врска со скандалот со нелегалното обложување, пишува „Газета дело Спорт“.

Според високотиражниот спортски дневник, се поверојатно е дека двете страни ќе постигнат договор. Тонали ќе ја признае вината и целосно ќе соработува со властите и ќе побара суспензијата да биде на една година, а постои и опција да биде уште помалку, 10 месеци.

Првата средба на претставниците и обвинителите на Тонали ќе биде на тема за одредувањето на условите под кои фудбалерот ќе ја признае вината. Тоа веднаш ќе ја преполови казната што обвинителството имаше намера да ја бара.

Поранешните адвокати на Милан и сегашните правни бранители на фудбалерот, Маурицио Скакабароци и Марко Фено ќе ја изнесат одбраната на нивниот клиент, фокусирајќи се пред се на неговата активна соработка (затоа можат да им понудат на истражителите нови откритија) и неговото каење за делото што го сторил.

Случајот на Тонали е специфичен, бидејќи тој се обложувал на нелегални платформи на натпреварите на Милан, додека беше член на „росонерите“. Покрај тоа, играчот се обложувал и додека бил играч на Бреша.

На крајот на краиштата, тој се обложил на победи на своите тимови, па нема спортски прекршок, но неговата санкција сигурно ќе биде поголема во однос на седуммесечната суспензија на играчот на Јувентус, Никола Фаџоли, кој не се обложил на натпреварите на „бјанконерите“.

Затоа е веројатно дека на крајот Тонали ќе добие 12. месечна суспензија. Желбата на сите е за брзо разрешување на случајот, порад што се очекува пресудата да биде донесена за многу кратко време.

Scroll to Top