Top Sport

Тонали пак спасител за „росонерите“ на гостувањето кај Верона

Сандро Тонали уште еднаш покажа дека е лидер на шампионскиот Милан, откако тој го постигна победничкиот гол за „росонерите“ да извлечат 2:1 победа на гостувањето на „Бентегоди“ кај Верона, кои го играа првиот меч под новиот тренер Масимо Каталди.

Милан беше фаворит на гостувањето и дојде до брзо водство веќе во деветтата минута, кога по одличниот пробив на Рафаел Леао, Мигуел Велосо смешно ја смести топката во сопствениот гол. Меѓутоа, радоста на гостите траеше малку – веќе во 19. минута Корај Гинтер успеа да израмни за Верона.

Кога навивачите на Хелас се понадеваа на поен по четири порази во низа за нивниот тим, по една брза акција, Тонали со убав удар ги осигура трите поени за Милан во 81. минута.

Милан се искачува на третото место на табелата со 23 поени, еден зад Аталанта и три поени зад лидерот Наполи. Верона останува на 18. место со само 5 поени.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top