Фудбалскиот клуб Реал Мадрид потврди дека Тони Крос потпиша нов договор со кој останува на „Сантијаго Бернабеу“ до 2024 година. Како што беше најавено одамна, Германецот ги прифати сите услови на Реал и потпиша нов договор за уште една сезона, по што најверојатно ќе ја заврши кариерата.
Крос пристигна во Реал Мадрид во летото 2014 година од Баерн Минхен за 25 милиони евра. За девет сезони освои 20 трофеи, вклучувајќи четири пехари во Лига на шампиони, како и три титули во Ла Лига.
По него се очекува нов договор да потпише и Лука Модриќ, исто така на една година.
Со тоа Реал би го комплетирал совршениот среден ред, со новодојдениот англиски репрезентативец Џуд Белингем.
🤍 #KROOS2024 🤍 pic.twitter.com/HiKIyXAsDS
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 21, 2023