Иако по стартот со два порази во Премиер лигата, многумина го оценија новиот тренер на Арсенал, Унаи Емери на „исто ниво“ како Арсен Венгер, шпанскиот стручњак успеа да ги предводи до низа од девет победи, од која последната беше убедлива од 5:1 во лондонското дерби кај Фулам.
Александер Лаказет постигна два гола, исто како Пјер-Емерик Обамејанг, додека Арон Ремзи додаде уште еден, а за домаќините стрелец беше ветеранот Андре Ширле.
Со победата, Арсенал се искачи на третото место во Премиер лигата со 18 поени, само еден помалку од лидерите Ливерпул и Манчестер сити, кои попладнево се среќаваат во големото дерби на „Енфилд“. Новиот премиерлигаш Фулам е на 17. место и е без победа во последните пет меча во ПЛ.