Top Sport

Басилашвили го суреди Делпо во Пекинг

Грузиецот Николоз Басилашвили ја продолжи најдобрата сезона во неговата кариера, откако со 6:4/6:4 го победи Хуан Мартин дел Потро во финалето на АТП 500 турнирот во Пекинг.

26-годишниот Басилашвили претходно победи на Германскиот опен во Хамбург како квалификант, по што стана најдоброрангираниот тенисер во историјата на Грузија.

Во Кина тој беше импресивен, победувајќи ги на патот до финалето Кајл Едмунд, Фернандо Вердаско и Џек Сок, пред да спаси две брејк-топки и да стигне до победа на Дел Потро, кој сега нема трофеј од март оваа година.

Фото: ЕПА

Scroll to Top