Top Sport

Топчиите „летаат“ на врвот – триумф над Тотенхем за +8 пред Манчестер сити!

Иако сите веќе подолго време очекуваат „кикс“ на Арсенал и сопирање на нивната форма, „топчиите“ на Микел Артета покажаа дека се реални фаворити за титулата, добивајќи го дербито на северен Лондон на теренот на нивниот лут ривал Тотенхем со 2:0, за да дојдат на +8 поени пред актуелниот шампион Манчестер сити.

Лошата партија за Спарс започна во 14. минута кога по обидот на Букајо Сака, Иго Љорис несфатливо реагираше и си ја смести топката во сопствениот гол. Капитенот Мартин Одегард во 36. минута со прекрасен гол зголеми на 0:2, поставувајќи пречка која Тотенхем не можеше да ја надмине. Тимот на Антонио Конте влезе остро во второто полувреме, но сите обиди беа стопирани од одбраната на Арсенал или од одличниот Арон Ремсдејл на голот.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top