Top Sport

Топката со која Марадона го постигна најпознатиот гол во фудбалската историја продадена за рекордна сума

Топката со која Диего Армано Марадона го постигна најславниот гол во историјата на фудбалот, познат како „Божја рака“, на аукција во Лондон е продадена за рекордна сума.

На Сп во Мексико во 1986 година, Аргентина, во четвртфиналето, ја победи Англија со 2:1. Двата гола за Аргентина ги постигна Марадона. Двата гола се дел од фудбалската историја, а првиот кога Марадона со рака го совлада Шилтон е најпознатиот гол воопшто во фудбалот.

Топката на аукција ја стави главниот судија на тој натпревар, Али Бин Насер од Тунис.

Аукциската куќа „Стоби“ објави дека топката е продадена за сума од 2.000.000 фунти. Претходно, во мај оваа година, дресот што Марадона го носеше на овој натпревар беше продаден за 9.300.000 долари.

Scroll to Top