Top Sport

Славна победа на Алафилип и покрај навредите од белгиските навивачи

Во една од најдобрите трки во последните години, Французинот Жулиен Алафилип стигна до фантастична одбрана на својата светска титула, доминирајќи на Светското првенство во Белгија со соло победа.

Алафилип се одвои во последните 20 километри по 200 километри брутално тркање на калдрмата во Фландрија, за незаборавна победа. Борбата за подиумот се реши во спринт на четири велосипедисти, за Холанѓанецот Дилан ван Барле на крајот да биде сребрен пред Данецот Михаел Валгрен, додека домашниот фаворит Јаспер Стајвен успеа да загуби во својот домашен град, Левен. Алафилип призна дека бурната белгиска публика го навредувала во финишот.

„Во финишот фановите бараа да успорам и немаа најдобри зборови за мене, но сакам да им се заблагодарам за таа мотивација. Кога нападнав мислев дека тоа нема да биде одлучувачки, но кога победата беше на дофат, решив да одам по неа“, изјави 29-годишниот Алафилип.

Scroll to Top