Top Sport

(Видео) Џеко и Тадиќ веќе станаа пријатели

Фенербахче со 2:0 го совлада Самсунспор на гости вчера во меч од Турската Суперлига, во која први ѕвезди на тимот беа ветераните од Балканот – Србинот Душан Тадиќ и Бошњакот Един Џеко.

Џеко, кој постигна меч, потоа имаше интересен момент со Тадиќ по крајот на мечот, во кој се жалеше на лошиот терен во Самсун.

„А, брате, јебигг, тежок беше теренот“, вели Џеко во видеото кое стана хит на социјалните мрежи.

Џеко пристигна во Турција од Интер со кои лани стигна до финалето на Лигата на шампиони, додека Тадиќ по повеќе години го напушти Ајакс, каде што беше и капитен.

Scroll to Top