Top Sport

Топспорт типови на денот: Сити, Брага и Ц.Звезда се зицери

ТОПСПОРТ ќе се обиде да ви помогне да ги победите обложувалниците. Следете ги нашите типови.

БАРНЛИ – МАНЧЕСТЕР СИТИ 2 и Т2 (1.55)
Почнува новата сезона во Премиерлигата, а Манчестер Сити ја брани шампионската титула. Иако можеби „граѓаните“ и сѐ уште не се во најдобрата форма, на сув квалитет ќе го добијат мечот против Барнли на стартот. И сигурно ќе постигнат најмалку два гола.

БРАГА – ФАМАЛИКАО 1 (1.50)
Брага е во натпреварувачки ритам со оглед дека игра во европските купови, а веќе покажа дека има одличен тим во новата сезона. На гости им доаѓа Фамаликао кој ќе обиде да се одбрани, но тоа на гостите речиси сигурно нема да им успее.

МЛАДОСТ ЛУЧАНИ – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 2 и Т2 3+ (1.60)
Црвена Звезда и оваа сезона е премоќна за најголем дел од екипите во првенството на Србија. Го почувствуваа тоа веќе Војводина и Напредак, а денеска на ред е Младост Лучани. „Црвено-белите“ ќе победат и ќе постигнат најмалку три гола.

Scroll to Top