Top Sport

Грција без Јанис Адетокумбо на Светското првенство

Најдобриот играч на кошаркарската репрезентација на Грција, Јанис Адетокумбо, нема да игра на претстојното Светско првенство во Јапонија, Индонезија и Филипините.

Двократниот МВП играч во НБА лигата сѐ уште страда од болки во коленото и нема да се опорави навреме до почетокот на Светското првенство, пренесуваат грчките медиуми.

Се очекува во наредните денови грчката федерација официјално да ја соопшти веста.

Така, Грците продолжуваат да се подготвуваат за планетарниот форум без својата најголема ѕвезда.

Грција досега одигра три натпревари, двапати ја победи Словенија, а пред два дена загуби од Србија. Сега им претстојат уште три теста пред почетокот на Мундијалот – против Италија, САД и Германија.

Избраниците на Димитрис Итудис се во иста група со Американците, Нов Зеланд и со Јордан.

Scroll to Top