Топспорт во Порто,
Никола Ѓуровски
Поголем дел од македонските репрезентативци имаат пресметка со Португалија како дел од Европското првенство за селекции до 21 година. Во 2017 година, на натпреварот во Гдиња, Македонија загуби со 2:4 од Португалија, но се уште се памети убавиот гол на Енис Барди.
Тогаш предводник на младиот национален тим до 21 година беше сегашниот селектор на А-тимот, Благоја Милевски, а играа Енис Барди, Елиф Елмас, Давид Бабунски, Бобан Николов, Дамјан Шишковски и Висар Муслиу. На клупата за резервни фудбалери беа и Дарко Велковски и Тихомир Костадинов.
Покрај Барди, стрелец за Македонија беше и Кире Маркоски, на асистенција на Елиф Елмас.