Топспорт во Порто,
Никола Ѓуровски
Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Фернандо Сантош, комплетно ќе ја промени одбраната за утрешниот финален дуел од баражот за Светското првенство против Македонија. Во стартниот состав на Португалците ќе се вратат ветеранот Пепе, кој ги надмина проблемите со коронавирусот, како и Жоао Кансело, кој не играше против Турција поради суспензија.
Но, португалскиот селектор размислува да му даде предност и на Нуно Мендеш, левиот бек на Пари Сен Жермен, да биде стартер на местото на Рафаел Гереиро.
Со Пепе во стоперската линија треба да биде Жозе Фонте, а Данило ќе биде прекомандуван во средниот ред, заедно со Бруно Фернандеш и со Бернардо Силва. Во нападот на Португалците утревечер на „Драгао“ треба да истрчаат Кристијано Роналдо и Диого Жота.