Top Sport

Торес ја тужи шпанската влада за 800.000 евра

Поранешната ѕвезда на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес ќе ја тужи шпанската влада за компензација од 800.000 евра за штети настанати поради пандемијата на КОВИД-19, откако неговиот синџир на „теретани“ под име „Њу Фитнес“ беа затворени подолго време.

39-годишниот Торес, кој сега е тренер на младинскиот тим на Атлетико, се пензионираше во 2019 година, по што инвестираше во своите „теретани“, и според „Ел конфиденсијал“ пред пандемијата тој имал профит од 100.000 евра, пред безбедносните мерки да придонесат да биде во загуба 200.000 евра.

Тој пред судот тврди дека мерките за заштита биле „непропорционално строги“ и пред Врховниот суд на Шпанија бара отштета од 800.000 евра.

Scroll to Top