Top Sport

Јасикевичиус си замина од Барселона

Литванскиот тренер Шарунас Јасикевичиус по три сезони си заминува од кошаркарскиот тим на Барселона, а неговата позиција ќе ја преземе уште еден поранешен кошаркар на каталонскиот клуб, Рожер Гримау.

Според шпанските медиуми, Јасикевичиус бил незадоволен од новата годишна плата од 600.000 евра, и покрај тоа што самиот тренер велеше дека сака да остан на чео на клубот.

Со Јасикевичиус, Барса стигна до три титули во Шпанија и две титули од Копа дел реј, но главната цел, титулата од Евролигата остана недостижна.

Scroll to Top