Top Sport

Торес ќе го пропушти финалето во Лигата на нации

Шпанија и Франција, утре ќе се борат за трофејот во Лигата на нации. Шпанците во полу-финалето со 2:1 ја победија Италија, додека Французите со пресврт ја совладаа Белгија со 3:2.

Франција утре на „Сан Сиро“, во Милано, ќе биде без Адријен Рабио, кој е позитивен на коронавирусот.

Поголеми проблеми пред натпреварот, сепак има шпанскиот селектор, Луис Енрике. Голема е веројатноста дека финалето ќе го пропушти стрелецот на головите против Италија, Феран Торес.

Напаѓачот на Манчестер сити, поради повреда не го одигра во целост мечот со Италија.

„Феран го повреди стапалото. Во наредните неколку часа ќе знаеме дали ќе биде подготвен за утре. Не сакаме да се случи нова повреда. Ќе игра само доколку целосно биде подготвен“, рекол Луис Енрике и дополнил.

„Во овој момент делува дека стапалото е во ред, но допрва ќе знаеме дали ќе биде подготвен за утре“.

Финалето во Лигата на нации ќе започне во 20:45 часот.

Scroll to Top