Торино ја забележа својата втора победа едноподруго под водство на тренерот Иван Јуриќ, совладувајќи го неговиот поранешен клуб Верона со 1:0, каде што тренер е неговиот хрватски сонародник, Игор Тудор.
Џанџакомо Мањани доби црвен картон уште во 25. минута за Верона, по што Томасо Побега само една минута подоцна го постигна единствениот гол вреден три поени за „Гранде Торино“. По 18 кола, Торино се на 10. место на табелата со 25 поени, три повеќе од Верона, кои се на 13. место.
Сампдорија, пак, водеше од 38. секунда на мечот против Венеција со голот на Матија Габијадини, но на крајот мораше да се задоволи со 1:1 реми, откако Томас Анри израмни во 87. минута од мечот. Самп се само 15. на табелата со 19 поени, едно место над Венеција кои имаат 17 поени.
СЕРИЈА А, 18.КОЛО
Торино – Верона 1:0
Сампдорија – Венеција 1:1
Специја – Емполи 1:1