Top Sport

Кобајаши му се одмазди на Гајгер пред 4 скокалници

Јапонскиот скокач Рјоју Кобајаши стигна до импресивна победа на големата скокалница во Енгелберг, Швајцарија, последна станица пред 4 скокалници, одмаздувајќи му се на Германецот Карл Гајгер, по што двајцата влегуваат како фаворити на новогодишната турнеја.

По саботната победа на 28-годишниот Гајгер, Кобајаши скокна 132.5 и 136.5 метри за да го совлада Германецот, кој имаше скокови од 135 и 131.5 метри. Подиумот го комплетираше Норвежанецот Мариус Линдвик со 133 и 138.5 метри, а Швајцарецот Килијан Пеер, кој водеше по првата серија на крајот заврши како четврти.

Во генерален пласман, Гајгер е лидер со 594 поени, пред Кобајаши со 496 поени, додека трет е Норвежанецот Халвор Гранеруд со 361 поен.

Scroll to Top