Top Sport

Торино не изддржа со 10 играчи – од 2:0 по 15 минути до 2:2 со Емполи

Торино не успеа да изддржи до крајот на мечот со 10 играчи, откако во првите 15 минути стигнаа до 2:0 водство со Емполи во 15. коло од Серија А, за на крајот да се задоволат со 2:2 реми.

Томасо Побега стрелаше во 10. минута за „Граната“, а само пет минути подоцна, Хрватот Марко Пјаца зголеми на 2:0. Меѓутоа, Вилфрид Цинго доби црвен картон во 32. минута од мечот по долгата ВАР-проверка, по што мечот целосно се „сврти“.

Симоне Ромањоли намали на 2:1 во 34. минута, пред замената Андреа Ла Мантија во 74. минута да израмни на 2:2.

Емполи сега се 11. со 20 освоени поени, додека Торино се две места подолу со 18 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top