Top Sport

Рубљов и Медведев ја однесоа Русија во полуфиналето на Дејвис купот

Русија е последниот полуфиналист од тенискиот Дејвис куп, откако Андреј Рубљов и Данил Медведев победија во своите сингл мечеви за 2:0 триумф над Шведска и супер-полуфинале против Германија предводена од Александер Зверев, уште еден тенисер со руско потекло.

Светскиот рекет број 5, Рубљов пристојно се намачи против 171. на АТП листата, Елијас Имер во првиот меч пред да дојде до 6:2/5:7/7:6(3) победа, по што Медведев, инаку светски рекет број 2, со 6:4/6:4 го совлада братот на Имер, 94-рангираниот Матијас Имер.

Во второто полуфинале во Мадрид утре ќе се судрат лутите ривали Србија и Хрватска.

Scroll to Top