Фудбалерот од средниот ред на Сампдорија, Мортен Торсби признава дека неговата голема загриженост за еколошките теми предизвикала дел од соиграите да го викаат Грета Тунберг.
25-годишниот Норвежанец е редовен првотимец на „Мараси“ со 28 настапи оваа сезона, но познат е како еколошки активист.
„Јас сум обичен човек кој игра фудбал и во исто време е еколошки активист. Имам среќа што играм професионално, што ова ми е работа и го правам тоа што го сакам. Во исто време имам огромна страст во борбата за климата и за еколошките прашања. Тоа почна кога имав 15 или 16 години, околу 2011, кога почнав да читам за работите што се случуваат, а никој не презема ништо. Во исто време и мојата фудбалска кариера се придвижи и отидов во Холандија, каде што бев озогласен за тие теми. Сите велат дека сме само фудбалери, но ако многу фудбалери зборуваат на една тема, ешто ќе се случи. Да, вистина е дека дел од колегите ме викаат Грета Тунберг. Не ми пречи, но не би се споредувал со неа. Таа врши фантастична работа, но зборува на политичари на кои не им е грижа. Мислам дека треба да се поедностави пораката и што е можно повеќе луѓе да привлечеме да почнат да размислуваат. Но, Грета заврши одлична работа и не ми пречи да ме викаат така“, вели Торсби.