Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ денеска го прослави својот 40. роденден, пригода која неговиот клуб ја одбележи со огромна торта и старо вино (исто колку што тој е стар), но Швеѓанецот потоа си го откри својот вистински подарок за јубилејот, ново Ферари, пофалувајќи се на социјалните мрежи.
„Среќен роденден на Златан“, си напиша поранешниот фудбалер на Барселона, ПСЖ и Манчестер јунајтед со фотографија од златно Ферари.
Happy Birthday to Zlatan pic.twitter.com/ehYosTnwSR
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) October 3, 2021
Швеѓанецот исто така доби и роденденска порака од светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, кој го пофали за неговата „луда балканска глава“, на што тој мораше да одговори.
„Ја ценам балканската глава на Ѓоковиќ. Кога ќе експлодира прави добри работи, а така размислувам и јас. Кога си лут даваш максимум и остануваш фокусиран“, вели Ибра.
Златан го прослави својот 40. роденден со огромна торта и шише вино старо како него