Top Sport

Златан го прослави својот 40. роденден со огромна торта и шише вино старо како него

Денеска, Златан Ибрахимовиќ го прославува својот 40. роденден со огромна торта во Миланело, шише вино кое е старо како него, и видеопорака од Јусеин Болт.

Иако во моментов е повреден, Милан не го заборави својот лидер на теренот со огромна торта на која пишуваше „Always IZ“ и на која беше неговиот лик.

„Драг Златан, еднаш ни кажа дека си како црвено вино. За да го прославиш твојот роденден ти го даваме ова шише вино. Тоа е флаширано во годината кога си роден. Како тебе, како минува времето, станува подобро. Среќен роденден, Златан“, се вели во честитката на Милан.

Неговите соиграчи немаа шанса да пробат од виното, бидејќи ги очекува мечот против Аталанта вечерва. Златан исто така доби видео-порака од атлетската легенда Јусеин Болт.

Scroll to Top