Top Sport

Тошак: Тажно е што Герет Бејл уште не зборува шпански

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, но и македонски селектор, Џон Тошак вели дека неговиот велшки сонародник Герет Бејл згрешил што и по толку години во Мадрид уште не научил да зборува шпански.

„Се работи за фудбалер кој е поинаков од своите соиграчи. Не сака да зборува со печатот, и тажно е што по толку време во Шпанија, уште не го зборува јазикот. Ако веќе играш во друга земја, барем мораш да се обидеш да го направиш тоа. Секогаш ќе имаш симпатии на луѓето“, вели Тошак во интервју за радиото „Кадена СЕР“.

Околу спектакуларниот гол на Бејл, тој имаше краток коментар.

„Тоа беше гол од ’Плејстејшн’“, вели Тошак, кој беше селектор на Македонија од 2011 до 2012 година.

Фото: ЕПА

 

Scroll to Top